Насловна / Вести / НАСА ќе ви плати три милиони долари доколку го решите овој проблем

НАСА ќе ви плати три милиони долари доколку го решите овој проблем

НАСА нуди три милиони долари и се надева дека ќе привлече луѓе полни со иновативни идеи кои ќе и помогнат да реши одредена загатка.

Националната агенција за аеронаутика и вселена, или едноставно НАСА, бара паметни глави за да им помогне на своите експерти да развијат паметни решенија за подобрување на одржливоста на долгорочните мисии на Месечината. За таа цел е креиран и LunaRecycle Challenge, кој ќе избира луѓе кои можат да и помогнат на агенцијата да се подготви за идните мисии во вселената со луѓе. Оние кои ќе го решат проблемот можат да си заминат со награда од три милиони долари.

LunaRecycle предизвик

Во подготовките за мисиите Артемис, кои ќе помогнат да се воспостави долгорочно човечко присуство на Месечината, НАСА се обврза да создаде различни револуционерни технологии, како што е реактор кој ја претвора лунарната прашина во кислород. Агенцијата сака да развие повеќе решенија за да помогне во процесуирањето на неорганскиот отпад, како пакување храна, стара облека и материјали за научни експерименти.

Претходните напори имаа за цел да ја намалат масата и волуменот на ѓубрето, но НАСА сега дава приоритет на технологиите за рециклирање на отпадот во корисни производи потребни за наука и истражување вон планетата.

„Одржливото работење е важен аспект за НАСА бидејќи откриваме и спроведуваме истражувања како на, така и вон Земјата“, рече Ејми Камински, директор на НАСА програмата.

Што треба да направите за да освоите три милиони?

LunaRecycle Challenge се состои од две фази: Prototype Build и Digital Twin. Првата се фокусира на дизајнот и развојот на хардверски компоненти и системи за рециклирање отпад на Месечината, додека втората се фокусира на создавање виртуелна реплика на таков систем. Натпреварувачите може да се пријават за една или за двете фази, а секоја ќе доведе до освојување на дел од наградата.

Ако барате авантурата во животот и… готовина, можеби ова е за вас.

Испрати коментар

Scroll To Top