Да се заштити најретката пеперутка во Европа и да се спречи нејзината (не)легална трговија низ светот – ова е мисијата на која тргнаа Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со неколку меѓународни организации и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Македонската сивка, македонски стеноендемит кој единствено може да се сретне на сувите и карпести ридови на Плетвар претставува најреткиот и истовремено најзагрозениот вид пеперутка во Европа. Овој мал сив летач е соочен со многу предизвици и опасности од климатски промени, до уништување на неговото живеалиште и нелегална трговија. Времето молскавично брзо пролетува и секоја нова измината летна сезона, опстанокот на сивката станува сѐ понеизвесен.
Институтот за комуникациски студии и редакцијата на ДОМА ве покануваат на јавна презентација и предавање околу приказната за македонската сивка, опасностите со кои се соочува како и за плановите за нејзината заштита. На предавањето ќе биде прикажан и истражувачкиот документарен филм „Природата на продажба“ кој беше изработен од ИКС во соработка со Дојче Веле. Дојдете да ја слушнете приказната за трката да се заштити најзагрозената пеперутка во Европа.
Датум: 01.11.2024
Време: 19 ч.
Локација: НУ Природонаучен Музеј на Македонија
Влезот е слободен.