Заспаниот Хермафродит е древна мермерна скулптура која го прикажува Хермафродит во природна големина. Во 1620 година, италијанскиот уметник Џан Лоренцо Бернини (Неапол 1598 – Рим 1680) го извајал душекот на кој сега лежи статуата.
Формата на скулптурата е делумно изведена од античките портрети на Венера и други женски актови, а делумно и од феминизирани хеленистички портрети на Дионис/Бахус. Претставува тема која многу се повторувала во хеленистичкиот период и во антички Рим, судејќи според бројот на верзии што се сочувани.
Хермафродит e oткриен во Santa Maria della Vittoria, Рим, веднаш го превзел кардиналот Scipione Borghese и станал дел од колекцијата Боргезе. „Боргезовиот хермафродит“ подоцна е продаден на француските окупатори и е префрлен во Лувр, каде што е изложен.
На Бернини му биле платени шеесет скуди за да го направи закопчаниот душек на кој сега почива Хермафродит, толку впечатливо реален што посетителите се склони да го пробаат за да одморат.
Во светот има дваесетина примероци од Хермафродит, но само еден е душекот на Бернини, а тој е во Лувр…
Името Хермафродит потекнува од лик од грчката митологија, син на Хермес и Афродита. Нимфата Салмакидас фатално се вљубила во него и го однела во своите води. Таа ги замоли боговите да ја претопат со Хермафродит. Трогнати од нејзината љубов, тие ѝ удоволиле. Така е создадено битие кое ги обединува двата пола.