Концернот Mercedes-Benz ја отвори првата европска фабрика за рециклирање на автомобилски батерии, истакнувајќи дека тоа е голем чекор во правец на одржливост и повторно користење на ретките суровини како литиум, кобалт и никел. Се очекува со помош на механичко-хидрометалуршки процес на рециклажа, повторно да биде искористени околу 96% од компонентите на старите автомобилски батерии, и дека целиот процес ќе биде јаглеродно неутрален. Рециклираните суровини ќе бидат доволни за годишно производство на околу 50.000 нови батериски модули за електрични автомобили.
Цената на инвестицијата не е прецизирана, но наведено е дека станува збор за двоцифрен милионски износ и дека проектот е развиван во соработка со технолошкиот партнер Primobiusom и со угледни научни институции. „Mercedes – Benz си поставил цел да ги произведува најбараните автомобили на одржлив начин. Како пионер во производството на автомобили, со првата европска интегрирана механичко-хидрометалуршка фабрика за рециклажа, поставуваме нов стандард во правец на поголема одржливост“, објавила компанијата. Воедно, тоа е прва фабрика од тој вид за рециклирање во светот која е во состав на некој производител на автомобили.
Овој погон, прв во Европа, ги реализира сите чекори на рециклирање, од дробење на батериски модули, па до сушење и добивање на вредни суровини. Во механичкиот дел на просецот, низ повеќе фази се издвојуваат чиста пластика, алуминиум и железо, а во хидрометалуршкиот дел по комплексен хемиски пат поединечно се издвојуваат материи од кои се состојат електродите на батериските ќелии – кобалт, никел и литиум. Хидрометалуршкиот процес, за разлика од денес во Европа вообичаениот пирометалуршки процес, троши помалку енергија затоа што се работи на температура под 80 степени Целзиусови, и генерира помалку отпад, а речиси целосно ја елиминира емисијата на штетни гасови. Покрај тоа, површината на фабриката од 6.800 квадратни метри е прекриена во целост со соларни панели.