Со капацитет за прием на јахти и суперјахти со должина до 120 метри и заклонета локација во мирниот Бокакоторски залив, Портонови претставува совршена појдовна точка за изстражување на брегот на Јадранското море.
Марината Портонови на престижното одморалиште ја доби наградата за најдобра меѓународна марина во 2024 година, која асоцијацијата The Yacht Harbour (TYHA) ја доделува намарини кои ги исполнуваат највисоките професионални, оперативни и еколошки стандарди, во однос на инфраструктурата, но и во однос на услугите кои ги обезбедуваат на корисниците.
TYHA е основана за да ја развие индустријата на марини, нудејќи им на меѓународните членови стручни совети и помош во пронаоѓањето на квалитетни марини, истовремено помагајќи им на марините да ги подобрат своите услуги и работење според највисоките стандарди.
Наградите во осум категории беа доделени во Саутемптон, каде Портонови марина го освои првото место во категоријата најдобра меѓународна марина. На второто и третото место се најдоа D-Marin марина во Дидим и Dubai Harbour.
„Оваа награда е признание за марини со исклучителен квалитет на услугата, врвни објекти и содржини, а кои исто така се посветени на еколошката одржливост. Тоа е уште една потврда за извонредноста кон која постојано се стремиме како тим и дополнителен мотив да продолжиме“, изјави Новица Радојичиќ, менаџер на Портонови марината и додава: „По второто место минатата година, продолживме со истата посветеност и тој континуиран напор сега се исплатеше, особено имајќи предвид дека оваа година капацитетот за закотвување во марината беше исполнет, а интересот е огромен во текот на целата година.“
Напоменува и дека наградата на The Yacht Harbor Association не само што е одлична можност да се презентира премиум понудата и услугите на Портонови марина, туку е многу значајна и за позиционирањето на Црна Гора како главен наутички центар на регионот.
Марина Портонови има 238 везови за јахти и суперјахти до 120 метри и е место за регионални и меѓународни регати, а во 2022 година доби акредитација „5 Gold Anchor“, што ја рангира меѓу најдобрите марини во светот.
Некои од најпрестижните јахти во светот често може да се видат во Портонови, вклучувајќи ги Olivia O, суперјахта од 88 метри, суперјахта PI со базен со стаклено дно и познатата јахта Calisma, позната како симбол на љубовта. помеѓу Ричард Бартон и Елизабет Тејлор.