Палатата Белград или Белграѓанка е градена од 1969 до 1974 година, а за нејзиниот изглед е заслужен архитектот Бранко Пешиќ. Оваа деловна зграда има 23 ката и се смета за претходник на паметните згради.
Палатата Белград била највисокиот белградски облакодер. Изградена по најсовремени архитектонско-градежни стандарди, Белграѓанка сепак не можела да ја избегне народната традиција да добива живописни и често погрдни прекари, па многу брзо го добила својот – црната вдовица.
Архитектот Бранко Пешиќ не сакал да се впушта во стручни дискусии на тема критика на неговото дело, верувајќи дека ја направил вистинската работа проектирајќи ја Београѓанка токму онаква каква што е и денес. Струката ја игнорирала зградата повеќе од две децении, а единствениот кој уште тогаш ги препознал нејзините квалитети бил историчарот и теоретичарот на архитектурата, архитектот Зоран Маневиќ.
Меѓутоа, експертите и пошироката јавност немале веднаш слух за архитектонските вредности на објектот, кои се препознаени дури по неколку децении.
Покрај архитектонското значење, Палатата добива и културно-историско значење, како поради архитектонското обликување на фасадата, така и поради културно-уметничките институции што се наоѓале таму.
Во последните неколку години, ставовите кон Белграѓанка одат во друга крајност, пред се поради фактот што е приватизирана и што со тој чин некој ја одзел зградата од државата, т.е. народот, што е сосема погрешно.
Објектот со години пропаѓал и немало начин да се принудат државата и градот да вложат големи средства во нејзината реконструкција, како и поради тоа што не е доволно објектот да се стави под заштита за да се зачува, туку дека мора да добие и некоја (нова) функција.
Од тие причини, приватизацијата на објектот дошла како единствен спас, па по повеќе од успешна реализација, нејзиниот работен век дополнително е продолжен. Зградата ја купува компанијата Marera Properties, која по неколку успешни соработки на претходните згради, проектот за реконструкција им го доверува на архитектите Remorker.
Успешна реконструкција со ненаметлив личен печат
Тимот на Remorker сфатил дека пред нив е деликатна работа, но дека има повеќе од доволно простор оваа реконструкција да не биде обична замена на дотраените елементи, туку целата зграда може да добие нов уметнички израз, кој би ги задоволил сите функционални потреби на современа деловна зграда.
Целосно е зачувана фасадата, заменети се сите прозорски отвори со стакло, а на некои им е овозможено да се отвораат заради природно проветрување. Зачувани се дотраените ролетни, кои минувачите оддалеку ги гледаа како висат искинати, различно спуштени на секој прозорец, но вовлечени се од техничко-естетски причини.
Фасадата на анексот свртен кон зградата на белградскиот водовод морла да се менува, но новата структура е целосно интегрирана во постојниот фасаден ритам на главната зграда. Влезната партија била целосно запуштен и морала целосно да се промени.
Отстранети се трафиките и менувачниците од кои посетителот не можел да разликува каде да влезе во зградата, а на нивно место дошле транспарентни излози со висина од шест метри, со цел внатрешноста на фоајето да биде што попроѕирна и да овозможи меѓусебно навлегување на надворешниот простор на пјацетата и внатрешниот простор на лобито.
Влезната партија истоа така е променета и наместо мал влез, поставен е месинган портал, чијшто дизајн не го следи оригиналниот архитектонски израз, но патинираната нијанса одлично се вклопува, а влезот е дополнително нагласен и монументализиран.
Влезната партија е опкружена со клупи од бел мермер, а кои се појавува и како главна облога во внатрешноста на фоајето, што повторно го следи концептот на проникнување на надворешниот и внатрешниот простор. Најмногу интервенции претрпело влезното лоби, кое имало навистина тесен простор во оригиналниот проект.
Покрај отворањето кон надвор со стакла и употребата на бел камен како примарна облога, со цел амбиентот да биде што посветол, архитектите го затвориле просторот на галеријата и вметнале во ентериерот нов мебел. Со ова лобито добило еден нов, прочистен израз, а внатре повторно се поставени уметничките дела на познати уметници, кои го краселе тој простор од самиот почеток.
Ако се земе како пример еден од типичните катови, се забележува дека и работниот простор, исто така, претрпел големи промени. Од тесните ходници и тесните канцеларии сега е добиен наголемо воспоставениот open space, со чајна кујна, неколку посебни канцеларии, помали и поголеми конференциски сали и секако соби за паузи и слободно време.
Новина е што последните два ката се споени т.е. последниот кат е претворен во помала галерија, па над поголемиот дел од тој нов простор има двојна висина, што навистина изгледа фасцинантно и необично за стандарден деловен простор.
Посебно внимание е посветено на терасите на петти и шести кат, кои се целосно пејзажно реконструирани и претворени во парковски целини, со повеќе видови грмушеста вегетација, како и дрвени клупи. Целиот амбиен е наменета за одмор и релаксација на вработените, како и за организирање на корпоративни настани на отворено.
Она што е многу важно кога станува збор за реконструкција на старите згради е целосната замена на сите лифтови и инсталации, бидејќи секоја компанија која сака да закупи дел од деловен простор сака тој да биде соодветно сертифициран со сите поволности што ги нуди една нова деловна зграда. Тука спаѓаат вода, струја, телефонија, интернет, греење и ладење, климатизација, кои во случајот со Белграѓанка биле одамна истрошени.
Успешен пример за јавно-приватно партнерство
Проектот за реконструкција на Палатата може да послужи како еден од успешните примери на јавно-приватно партнерство, каде што просветлен инвеститор ангажира стручно и креативно архитектонско биро.