Стопанската комора на мал бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“ се организатори на „Македонскиот енергетски ден 2014“, кој како настан од EUSEW 2014 (European Sustainable Energy Week 23-27 June 2014) ќе се организира во петок (27 јуни) во Скопје. На настанот ќе се дискутира за имплементација на проектот „European Energy Manager plus (EUREMplus)“ на Intelligent Energy Europe, ќе има презентација на проектни идеи/концепти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, за потенцијалот на заштеда на енергијата, користењето на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност кај индивидуални станбени објекти. Исто така, учесниците ќе дискутираат за ИП за компензација на реактивна енергија, за ИП за осветлување со лед светилки, за ИП за користење на био гориво на автобусите на јавниот превоз, за панелното осветлување на магистрален пат М6, за енергетската ефикасност преку производство на енергија од био-маса од плантажирани шуми и за другите предвидени теми…
Публиката на настанот ќе се информира за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската комисија.
За најдобрите проектни идеи ќе се изработат проектни концепти (проектни решенија) во рамките на проектот EUREMplus. http://mk.eurem.net
Изработувачите на најдобрите проектни решенија ќе бидат поканети за учество на претстојната 6-та Меѓународна конференција на Европски енергетски менаџери во Прага, Чешка.