Насловна / Арт и дизајн / Скулптурите на Матео Барони се ситуација што се доживува, а не украс

Скулптурите на Матео Барони се ситуација што се доживува, а не украс

Матео Барони (роден во Фиренца во 1977 година) е современ италијански уметник. Неговото образование започнува во Уметничкиот институт во Фиренца, а потоа дипломира на колеџот за уметност Central Saint Martins во Лондон.

Неговата работа, главно скулптура и land art, се занимава со прашањата во врска со нашиот деструктивен однос со природната средина и преку неговата пракса ја подигнува свеста за мааните на консумеризмот; не сакајќи да додаде други „нешта“ на овој свет, фрлените материјали стануваат негов медиум, Барони се прилагодува и осмислува техники за да ги искористи за да создаде рафинирани уметнички дела.

Работата на Матео Барони инсистира на идејата за ископување, или подобро кажано празнење на традиционалната форма на скулптура, уважувајќи на нејзината шупливост, а не на нејзината полност: она што е отворено за примање, а не она што се наметнува. Поради оваа причина тој користи, не сакајќи да додаде работи на овој свет, фрлени материјали, метални лимови и отпадоци, градежни шипки. Гради фигури кои повеќе личат на духови отколку на тела, неговите скулптури се опкружување и хабитати. Дело фокусирано на меѓусебните односи, може да се каже, со предмети и материјали од нашиот секојдневен живот, со особено внимание на реакциите кои просторите што ги гради ги предизвикуваат кај оние што ги доживуваат.

„Идејата на скулптурата како наметнување на волјата на уметникот или клиентот, изведена со поставување на одредена форма во урбана средина, вметнување на нешто што принудува засекогаш да се сеќава на некои нешта, па оттука меморијата се подига (наметнува) во споменик, поседување простор, денес е можеби во колапс.

Не само затоа што се рушат споменици во секој дел од светот. Современоста, која повеќе не се формира преку сигурност и догма, се чини дека се карактеризира со постојана критика и склоност да се преиспитува сè. Дури и самиот разум, истата рационалност која беше амблем на модерноста. Денес, најинтересните искуства во ова поле на истражување се наоѓаат во заеднички проекти, а не во наметната монументалност. Во градење на простори, кои се средини, а не споменици, не се форсирани туку учествуваат. Создадени можеби во заедницата која ќе мора да живее покрај овие дела, слушајќи ги и исполнувајќи ги нивните потреби. Уметникот станува оној кој олеснува, кој може да и помогне на заедницата да го најде својот глас“, вели Барони.

Целиот негов опус, всушност, има тенденција да биде ситуација што се доживува, а не украс. Со ова донекаде се вели НЕ: на скулптурата како шаблон за јавните простори, на консумеристичката бескорисност на минливи предмети, кои минуваат без да остават трага.

Испрати коментар

Scroll To Top