Американската стартап компанија Lyten, ги најави своите планови да вложи повеќе од една милијарда американски долари во првата гигафабрика на светот за литиум-сулфурни батерии. Објектот ќе се наоѓа во близина на градот Рино, во Невада, и ќе има можност да произведува до 10 GWh батерии годишно, во полн капацитет. Планирано е првата фаза од овој објект да биде пуштена во погон во 2027 година. Фабриката ќе работи на производство на катодни активни материјали (CAM) и литиум метални аноди, и ќе работи на завршна монтажа на литиум-сулфурни батерии во цилиндриќен и вреќест формат.
Гувернерот на Невада истакнал дека оваа американска сојузна држава се појавува како клучно средиште за производство на батерии во САД, а изборот на Lyten за изградба на фабриката токму овде, се гледа како стратешка предност што Невада им ја нуди на водечките технолошки компании.
Литиум-сулфурните ќелии на компанијата Lyten, имаат висока густина на енергијата, што ќе овозможи до 40% помала маса од онаа на литиум-јонските. Тие се во целост произведени во САД и обилно ги користат расположивите локални материјали, елиминирајќи ја потребата од рударење на никел, кобалт, манган и графит. Употребата на ефтини локални материјали за производство, ја прави литиум-сулфурната батерија поефтина од литиум-јонската. Тоа е клучен аспект во светот зависен од мал број добавувачи на суровини. Батериите на овој стартап веќе навлегуваат на пазарите на миромобилноста, вселенските технологии, дроновите, одбраната и сл. Компанијата веќе има стотина потенцијални купувачи, а токму градбата на оваа фабрика е дел од стратегијата за задоволување на растечката побарувачка. Lyten тесно соработува и со локалните универзитети.