Главниот економист на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол, смета дека европскиот енергетски пазар се наоѓа во многу тешка ситуација. Тој за виенскиот весник Курир, оценува дека ако проблемите не се решат во наредните години, Европа може да се соочи со сериозни проблеми.
Бирол го загрижува растечката зависност од увозот на гас од Русија, со оглед на фактот што зависноста од еден извор на снабдување е погубна за енергетската сигурност.
Европа мора да се погрижи за дополнителни добавувачи на гас, на пример од Каспискиот регион, Блискиот Исток или Ирак, смета Бирол и истовремено изразува жалење што пропадна пректот Набуко, кој требаше да донесе гас од Азербејџан, преку Турција во Западна Европа. Бирол го критикува и одбивањето на експлоатацијата на гас од шкрилци, укажувајќи на фактот што многу земји во Европа имаат такви резерви на гас и треба да ги користат.