Насловна / Вести / Prada ги претстави вселенските одела на NASA за мисијата Artemis III

Prada ги претстави вселенските одела на NASA за мисијата Artemis III

Во октомври минатата година, компаниите Axiom Space и Prada, се здружиле во намерата да дизајнираат и произведат ново вселенско одело за мисијата Artemis III на американската вселенска агенција NASA, во која екипажот за прв пат ќе зачекори на Месечината од 1972 година и мисијата Apollo 17. Сега тоа одело и беше претставено на јавноста. 
Станува збор за вселенското одело наречено Axiom Extravehicular Mobility Unit (AxEMU), кое е претставено во текот на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано. Ова одело има бела боја со црвени и сиви детали и изгледа навистина модерно. Неговиот дизајн ја унапредува флексибилноста, обезбедува вселенска прошетка во траење до осум часа и може да ги заштити астронаутите при двочасовниот престој во услови на најниски температури на јужниот пол на Месечината.

Веќе се направени проверките и симулациите на ова одело, а последната проверка е планирана за 2025 година, откако ќе се направат и преостанатите проценки. NASA првобитно планирала да ја лансира мисијата Artemis III во текот на 2025 година, но тоа е одложено за септември 2026 година.

Испрати коментар

Scroll To Top