Зелени повеќекатници ќе донесат свежина во Казабланка. Се работи за проект на француското студио “Maison Edouard François”. Вертикалните градини наскоро ќе ја красат Казабланка, односно три згради ќе добијат нови зелени фасади. Тоа ќе бидат најголемите вертикални градини во Африка. Се планира проектот да биде завршен во 2017 година. На пример, секој кат на една шеснаесеткатница ќе биде прекриен со мрежа, а на терасите ќе бидат посадени јасмини. Како што ќе растат билките, така ќе се преплетуваат низ мрежата создавајќи на тој начин природна прекривка на фасадата. Целиот комплекс ќе биде заобиколен со виолетово цвеќе.