Со намера подетално да ја развива технологијата за зафаќање на јаглерод диоксид и негова трансформација во градежен материјал, стартапот Paebbl собрал 25 милиони долари. Оваа инвестиција, која ја предводи берлинската инвестициска компанија VC Capnamic, ќе вклучува и поддршка од глобални играчи како Amazon, и германските гиганти во цементната индустрија – Holcim и Goldbeck.
Во индустриската зона во Ротердам, сместена е пилот фабрика за испитување на оваа технологија. Локацијата е стратешки избрана поради близината до некои од најголемите емитери на јаглерод диоксид. Пристапот се разликува од традиционалните методи, кои се потпираат на складирање на CO2 под земјата, а Paebbl ќе го искористи за производство ан градежни материјали. Станува збор за процес на забрзување на природната минерализација на јаглерод диоксидот, која инаку трае стотици години. Во природата овој процес се одвива кога минералите од карпите реагираат со јаглерод диоксдот и формираат карбонати, како што е варовникот. Компанијата го доведува јаглерод диоксидот во контакст со издробен оливин – тип на вулканска карпа. Со забрзана хемиска реакција, од еден тон зафатен јаглерод диоксид се произведуваат три тони прав од магнезиум карбонат богат со силициум. Тој може да биде замена за традиционалните материјали во градежништвото.