Насловна / Вести / Батериите за електрични возила ќе бидат 50% поефтини до 2026 година

Батериите за електрични возила ќе бидат 50% поефтини до 2026 година

Просечните глобални цени на батериите паднале од 153 долари по kWh во 2022 година, на 149 долари по kWh во 2023 година, а според проекциите на Goldman Sachs Research, ќе паднат на 111 долари до крајот на оваа година. Падот на цената на 80 долари се прогнозира за 2026 година, кога ќе почне фазата на поголемо учество на пазарот на овие атомобили, придвижено од самите купувачи.

Инаку, трошокот за батерии сега учествува со околу 50% во цената на електричните возила. Главните причини кои се посочуваат за падот на цените се: технолошкиот напредок кој овозможува повисока густина на енергијата (за околу 30%), како и поефтинувањето на металите кои се користат во производството (особено литиумот и кобалтот).

Испрати коментар

Scroll To Top