Во престижниот кварт Orchard Road во Сингапур, изграден е хотелот Pan Pacific Orchard, кој освои признание за најдобра нова висока зграда на светот. Оваа награда ја доделува Советот за високи згради и урдани живеалишта (CTBUH). Хотелскиот комплекс со 23 ката и 350 соби, дело на архитектонското студио WOHA, прогласен е за глобален лидер поради својот одржлив концепт кој ја интегрира приpодата и урбанизмот.
CTBUH го опишува Pan Pacific Orchard како „хотел во природата“ и го фали неговиот придонес во визијата на Сингапур за одржлива градба. Облакодерот е проектиран со четири пространи, зелени тераси, кои с ебнимателно вклопени во правоаголниот облик на зградата. Секоја тераса има различна тема како шуми, плажи, градини и облаци, со што се овозможува единствено доживување за гостите на хотелот, како и природна вентилација на зградата. Благодарение на вавиот концепт, зградата достигнува квота на зелена површина за три пати над пропишаната за урбани подрачја, што е извонредно достигнување. Изградбата е завршена оваа година, а зградата е поделена во сегменти при што секој сегмент опфаќа шест ката. Покрај споменатата награда, Pan Pacific Orchard ја освоил и наградата за најдобра зграда со височина помеѓу 100 и 199 метри. Наградата за најдобра зграда повисока од 300 метри ја освоил објектот Brooklyn Tower зад чиј проект стои SHoP Architects, додека за најдобар европски облакодер е прогласен Kaktus Towers на студиото BIG.