Во центарот на Кавала, северна Грција, можете да направите кафе-пауза. Black drop е кафуле каде кафето се третира повеќе како доживување, урбан чин. Штандот изграден од мозаик станува интерактивен простор за информирање и размена на мислења за уметноста на кафето.
Материјалите како бакар, терацо, натур бетон, стари дрвени површини, ‘рѓосани ѕидови доловуваат чувство дека сте дел од лабораторија во која можете да дејствувате и да реагирате.
Дрвена платформа на неколку нивоа и позиционирана кон плоштадот „Капнергатон“ ги отстранува нејзините граници со надворешноста трансформирајќи го кафулето во урбан простор за собирање. Оваа урбаност е надополнет со дрвена конструкција со референци на параметарскиот дизајн каде што корисникот може да седи и да ужива во кафето на различни начини.
Меѓу старите ѕидови има уметнички дела вградени во просторот, како портрет направен од традиционални плочки и модел на носорог анализиран во триаголници. Black drop е место каде што постиндустриската современа урбана естетика се среќава со „опсесијата“ на љубителите на кафе на начин што искуството со кафето станува социјален чин.