Насловна / Архитектура / Музејот и културниот центар за современа уметност Арго во Техеран (ВИДЕО)

Музејот и културниот центар за современа уметност Арго во Техеран (ВИДЕО)

Музејот и културниот центар за современа уметност Арго е поранешна дестилерија за пиво од 1920-тите години во срцето на Техеран, која со децении била напуштена, а архитектите од бирото Ahmadreza Schricker Architecture North (ASA North) ја претвориле во центар за современа уметност и денес е новиот дом на Фондацијата Pejman. Музејот е опремен со шест различни галериски простори и постојана колекција, библиотека, уметничка резиденција, простори за настани, приватен студио-апартман, продавница за уметнички дела и сувенири, ВИП-простор за набљудување, канцеларии и безалкохолен бар кој служи повторно издадени точени пива Арго.

Целта на архитектите била да се создаде дијалог помеѓу старото и новото со вметнување нова основа и челична конструкција која ќе ги носи бетонските подови и кровови независно од оригиналните надворешни ѕидови, со што ќе се овозможи висина на таванот (до 12 метри) за галериите.

Пет коси бетонски кровни конструкции, обликувани во историскиот народен јазик на соседните кровови, лебдат 50 центиметри над постоечките ѕидови, создавајќи архитектонски „шапки“ за галерии со контролирана клима над горното ниво. Дифузната сончева светлина се пропушта низ расцепот помеѓу старото и новото, осветлувајќи ги пространите галерии високи 8,5 метри.

Поранешните подрумски простории претворени се во галерии и целосно нов изолиран изложбен простор во форма на буквата L за постојаната колекција која сега се наоѓа на подземното ниво. Новата кула од 70 квадратни метри сместена е на јужниот раб на фабриката, обложена во различни слоеви од лиен бетон, содржи простор за уметниците кои престојуваат во музејот.

Сите нови елементи се закривени и користат различни материјали за да се разликуваат од историското ткаење изработено од тули: големи бели бетонски скали; челичен лифт; месингани шипки; слоеви од бетонски облоги со различни тонови на кулата за престој на уметниците.

Трансформацијата на фабриката Арго во музеј обезбедува нето зголемување на површината од приближно 85 отсто од оригиналните простори и има три различни простори за настани: аудиториум со голем капацитет, опремен за прикажување филмови и за форуми, интимна опсерваторија на ниво на пентхаус, со панорамски поглед на Техеран и големи заоблени скали – уште едно навидум лебдечко вметнување во постоечката структура – што создава монументална врска помеѓу фоајето и модерните галерии погоре.

Музејот и културниот центар за современа уметност Арго вои Техеран, Иран е добитник на наградата Aga Khan Award for Architecture (AKAA) 2022 година.

default

Испрати коментар

Scroll To Top