Насловна / Вести / Србија анализира три опции за „Ѓердап 3“

Србија анализира три опции за „Ѓердап 3“

Србија разгледува три опции за изградба на реверзбилната електрана „Ѓердап 3“, кои првенствено се однесуваат на капацитетот кој би требало да го има оваа електрана, велат од Министерството за рударство и енергетика на оваа земја. Иразботката на физибилити студијата е во завршна фаза. Во март е соопштено дека проектот има хидролошка студија и предфизибилити студија. Претходно се спомнуваше инсталиран капацитет од 2.400 MW, но сега се вели дека се анализираат три опции за капацитетот.

Реверзибилните хидроцентрали во последните години добиваат особено на значење, бидејќи можат да складираат енергија и да помогнат во балансирањето на системот. Србија моментално е многу поблиску до изградбата на реверзибилната хидроцентрала „Бистрица“. Незаобиколен фактор кога станува збор за изградбата на „Ѓердап 3“ е Романија, со која претходно во времето на СФР Југославија заеднички се изградени „Ѓердап 1“ и „Ѓердап 2“. Претходно Романија изразила заинтересираност да стане коинвеститор, но сега романските власти велат дека внимателно ќе ја следат реализиацијата на „Ѓердап 3“ и нема да дозволат производството на „Ѓердап 1“ и „Ѓердап 2“ да биде ззагрозено.

 

Испрати коментар

Scroll To Top