Насловна / Вести / Отворен настан: Пет години од основањето на Општествената градина Бостание

Отворен настан: Пет години од основањето на Општествената градина Бостание

Зелената арка ве кани на 5 октомври 2024 година (сабота), од 14 часот да ја прославиме заедно петгодишнината од основањето на Општествената градина Бостание. За да ги одбележиме петте години од почетокот на здруженото градинарство во Скопје, во Општествената градина Бостание ќе се одржи отворен настан за јавноста со програма што вклучува образовни и забавни активности, наменети за сите возрасти. Настанот ќе започне од 14 часот и ќе трае до вечерните часови, со активности како работилници, готвење, прошетка и музичка програма.

Програмата за настанот

14.00 – 15:00 ч.

Работилници за деца:

изработка на семенски топчиња;

изработка на страшило за птици;

читање градинарски приказни.

15.00 – 15.30 ч.

Прошетка за претставување на градината.

15:30 – 16:10 ч.

Работилница за перма-модели во урбаното градинарство.

16.10 – 16.50 ч.

Работилница за полезни микроорганизми (EM1-Lactobacillus).

16.50 – 17.30 ч.

Работилница за собирање, сушење и складирање на семето.

17.30 – 18.30 ч.

Работилница за природна козметика, сапун и тинктури.

Во текот на целиот настан, од 15.00 до 18.00 часот, ќе се организира подготовка на храна со плодови од градината.

Музичка програма:

15.15 – 17:17 ч.

DJ Marso (Марсо)

18.45 – 19.25 ч.

Културно уметнички работници

19.30 – 20.30 ч.

DJ Ishjan Twin (Ишџан Твин)

Настанот е отворен за сите, кои се заинтересирани да ја посетат градината, да научат нешто за здруженото градинарство, да учествуваат во работилниците или едноставно да уживаат во добрата музика и градината.

Ве каниме да ни се придружите и заедно да ја одбележиме оваа значајна годишнина!

Место: Општествената градина Бостание – https://g.co/kgs/RfdcCPy

Датум и време: 5 октомври 2024 (сабота) од 14.00 часот

Испрати коментар

Scroll To Top