Насловна / Архитектура / Необично обична куќа покрај море

Необично обична куќа покрај море

Само пешачка патека ја дели парцелата од морето на која младиот архитект Иван Филиповиќ  ја изградил својата куќа во Брела, Хрватска.

Куќата е изградена од бетон, челик и стакло, а со сето тоа – одлично се вклопува во околината. Парцелата која архитектот ја наследил е со површина се на се 204 квадратни метри, има издолжена форма, по подолгите страни орјентирана е во насока североисток-југозапад.

„Со оглед на тоа што просторниот план на Брела дозволува изградба на подрум и четири надземни ката, над оваа куќа би можел да изградам уште два ката. Сепак, воопшто не ме интересираше толку голема куќа, туку мала куќа која нема да ме оптоварува, а ова ми е и сосема доволно“, вели архитектот.

Габаритот на куќата е 9 на 5,2 метри. Објектот се состои од три нивоа, од кои едното е целосно вкопано, а две се над земја, па над земја е висока шест метри. Периметарските ѕидови се широки 40 сантиметри, со оглед на тоа што се двојни. Со намера нату бетонот да биде видлив и во надворешноста и во ентериерот, а за да се реши физиката на објектот, односно топлинската изолација, има и слој на изолација во внатрешноста на ѕидот.

Куќата е со површина од околу 100 квадратни метри и делува како една функционална целина. Во приземјето поврзани со терасата се трпезаријата и кујната, позади е тоалетот,  односно и бања и детска соба.

На катот поврзана со галерија е дневната соба со поглед на море, а позади оваа соба спалната соба со сопствена бања.  На овој кат бетонот е во контраст со фин бродски под од орев, кој поради својата текстура и боја одлично се вклопува со бетонот. Оваа тема на дрво дава доза на топлина, а тука е и кауч со светли бои. На долниот кат, на подот има керамички плочки прилагодени на бојата на бетонот. „Тој под го стопивме со кујна со фурнир од орев, а влезната врата однадвор е обложена со дрво“, вели архитектот.

Долж бетонскиот ѕид има скали кои водат до првиот кат. Исечените делови од индустриски челични профили ги формираат скалите, кои се конзолно прицврстени на ѕидот.

Подрумот е повеќенаменски простор. Служи како складиште (никогаш нема доволно плакари), има простор за вежбање, а од северната страна просторија за опрема и перална.

Еден од интересните детали е поврзувањето со спалната соба, од која, со отворање на капак на долниот дел од плакарот, прљавите работи се вметнува во цевка која води директно во пералната, каде што има машина за перење.

Предната стаклена фасада на куќата е поделена на две зони: горна, фиксната и долна, која е лизгачка.  Доле, стаклениот ѕид е триделен со лизгање, чии водилки се целосно поставени во подот без физичка бариера за што понезабележливо поврзување со терасата.

Испрати коментар

Scroll To Top