Насловна / Вести / Huawei ја претстави новата серија на паметни часовници и D2, кој мери крвен притисок 24 часа

Huawei ја претстави новата серија на паметни часовници и D2, кој мери крвен притисок 24 часа

На ексклузивен настан во Барселона, компанијата Huawei ги претстави своите нови производи, како што се Fashion Edge часовниците, но и MatePad Pro и MatePad 12 X таблетите. Овогодишното мото на Huawei Watch GT5 серијата е насочено кон модниот пристап, така што сите присутни во Барселона биле воодушевени од дизајнот, но една доста значајна функција е  Huawei TruSense системот, кој за прв пат се воведува на часовниците, а кој подразбира интегрирана функција за следење на здравјето и физичката кондиција.

И покрај американските санкции, подемот на Huawei не запира, што може да се види и по последната презентација на телефонот со троен преклоп, а во Барселона е претставен и Huawei Watch D2, прв немедицински паметен часовник кој постојано го мери крвниот притисок на корисникот, додека другите верзии на часовниците се насочени кон подобро следење на спортските активности и следење на другите параметри поврзани со здравјето. Часовниците кои се претставени доаѓаат во Standard и Pro верзии, при што Pro верзијата има поквалитетна обработка од титаниум и керамика. Батеријата кај GT серијата трае и до 14 дена.

Испрати коментар

Scroll To Top