Насловна / Вести / PlayStation пушта во продажба посебна конзола, само во 12.300 примероци

PlayStation пушта во продажба посебна конзола, само во 12.300 примероци

Лимитираното издание на конзолата PlayStation 5, пропратните уреди и PlayStation Portal со рачна контрола, во оригиналните бои на првата верзија на оваа конзола, ќе ја одбележи 30-тата годишнина на PlayStation. Првата PlayStation конзола во јавноста е претставена на 3-ти декември 1994 година, а на овој начин познатата сива боја ќе го краси хардверот на PS5 конзолата. Така, овие конзоли ќе имаат оригинално лого, сива боја и ознака „30 годишница“. Во истите бои се планира и претставувањето на џојстиците, кутиите и wireless полначите.
Преднарачките за конзолите почнуваат на 10-ти октомври, додека за џојстиците на 26-ти септември. Оваа колекција ќе биде пуштена во продажба на 21-ви ноември и тоа само во 12.300 примероци.

 

Испрати коментар

Scroll To Top