Насловна / Арт и дизајн / Микеланџело – цитати

Микеланџело – цитати

Микеланџело Бонароти (6 март 1475 — 18 февруари 1564), попознат само како Микеланџело — италијански ренесансен вајар, сликар, архитект, поет и инженер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност и е еден од најголемите уметници на сите времиња.

За време на неговиот живот, го нарекувале „Божествениот“, а денес претставува универзален гениј. Да се потсетиме на некои негови размислувања.

„Видов ангел во мермерот, и вајав додека не го ослободив“

„Каков дух е тој што е толку празен и слеп што не може да забележи дека стапалото е поблагородно од чевелот и дека кожата е поубава од кој било украс што ќе се стави на неа“?

„Најголемата опасност за нас не е во тоа превисоко  да ја поставиме својата цел, па да потфрлиме, туку во тоа да ја поставиме нашата цел премногу ниско и да ја постигнеме“.

„Секое парче карпа има статуа внатре, а задачата на скулпторот е да ја пронајде таа статуа“.

„Добра слика е онаа која личи на скулптура“.

„Јас не можам да живеам под притисок на спонзорите, а камо да сликам“.

„Јас сум безвреден и сиромашен човек кој се труди во таа уметност што му ја дал неговиот Господар за да го продолжи својот животот што е можно повеќе“.

„Ако сме задоволни со животот, не би смееле да бидеме незадоволни од смртта – затоа што и двете доаѓаат од раката на истиот Господар“.

„Вистинското уметничко дело не е ни сенка на вистинско божествено совршенство“.

Испрати коментар

Scroll To Top