Наречен De Wassarette, што на холандски би значело „перална“, ентериерот за овој новоотрворен кафе-бар е сместен во дистриктот Pijp во Амстердам, во поранешен трговски простор кој порано опслужувал перална.
Желбата за постигнување на непретенциозен и приватен дизајнерски израз е реализирана со примената на дрвени летви, црн метал и бетонска подна облога, комбинирани со едноставни детали. Просторот е поделен на различни катчиња за седење, како ниско седење, високо седење и голема заедничка маса, поставена на аголот од внатрешноста.
Индустрискиот израз е постигнат со задржувањето на соголениот бетонски под кој се провлекува низ ентериерот, како и светлечките елементи кои се целосно суптилно и нежно инкорпорирани во контекстот, позиционирани на пониска точка со цел да се создаде специфично осветлување на внатрешноста и посебна атмосфера во просторот.