Швајцарскиот бренд за часовници Gerald Charles се здружи со Ducati за да претстави лимитирана едиција на часовник во чест на 30 годишнината од легендарниот Ducati 916…
Наречен Maestro 4.0 Ducati 30° Anniversario 916, овој ексклузивен рачен часовник се одликува со препознатливото куќиште Maestro, ремен од вулканизирана гума и единствени дизајнерски детали инспирирани од прекрасниот мотоцикл Ducati 916. Оваа соработка го продолжува наследството на уметничките генијалци Џералд Гент и Масимо Тамбурини, дизајнери на двата бренда, чија стилска филозофија останува вградена во секое парче.
„Горди сме на резултатот од оваа соработка со Gerald Charles“, изјави Клаудио Доменикали, генерален менаџер на брендот Ducati. „Заедно претставуваме извонреден часовник кој оддава почит на автентична икона како што е Ducati 916. Заедничката работа на нашите дизајнерски центри започна со јасна идеја и не застана пред техничките и дизајнерските предизвици. Овој пристап додава уште поголема вредност на висококвалитетното парче кое, веќе на прв поглед, ја отсликува страста, занаетчиството, изработката и вниманието насочено на деталите што го споделуваат Ducati и Gerald Charles“.
Овој славенички часовник е првиот од Gerald Charles колекцијата во последните 13 години со механизам jumping hours, една од најиконичните компликации на основачот на компанијата. Maestro 4.0 се одликува со мат црна керамичка рамка и куќиште од Carbon Forged материјал, со круна, задна страна на куќиштето и копча од титаниум класа 5, што го прави исклучително лесен и отпорен. Овие карактеристики често се користени во светот на мотоциклизмот, а завршната обработка на часовникот е инспириран од асфалтот на тркачките патеки. Часовникот е исто така отпорен на вода до 100 метри и отпорен на удари до 5G.
Црвените маркери на часовникот и ременот од вулканизирана гума оддаваат почит на препознатливата црвена боја на Ducati. Во центаралниот дел на бројчаникот се наоѓа златно тркало, дискретна почит на трокракото тркало на Ducati 916. Часовникот се напојува со in-house механизам Ref. GCA 3002JH, кој поддржува двоетажен бројчаник со диск jumping hours. Броевите на часовите се во интензивна црвена боја, исполнети со црвен SuperLuminova слој.
Оваа лимитирана едиција Maestro 4.0 Ducati 30° Anniversario 916 е ограничено на само 250 парчиња, а секој часовник е достапен за 3.300 долари.