Насловна / Вести / Од урнатини на училиште Јапонците направиле еко-блокови за изградба на нова зграда

Од урнатини на училиште Јапонците направиле еко-блокови за изградба на нова зграда

Во 2021 година, истражувачите од Универзитетот во Токио смислија рецепт за зелен бетон кој во својот состав имал и градежен отпад и јаглерод диоксид. Сега истиот тим ги искористи урнатините на старото училиште за да создаде блокови со кои ќе гради нови објекти.

Научниците кои стојат зад ова истражување истакнуваат дека резервите на варовник во земји како Јапонија се доста ограничени, што доведува до истражувања за повторна употреба на материјали кои веќе постојат во изградената средина.

Недостатоци на првобитното истражување

Истражувачите и 2021 година во нивниот Извештај за системот за циркулација на калциум – карбонат за градежништво (C4S), навеле дека производството на бетон има огромно влијание врз животната средина и дека голем дел од влијанието доаѓа од високите температури потребни за загревање на варовникот за да се создаде калциум.

Имајќи го ова на ум, оригиналниот проект C4S настојувал да го комбинира стариот бетон со јаглерод диоксид земен од воздухот или индустриските процеси за да создаде нов градежен материјал наречен бетон од калциум – карбонат. Меѓутоа, произведените блокови биле релативно мали и нивната цврстина на притисок била ниска.

Два примероци од бетон од 2021 година, направени со користење на вообичаени градежни отпадни материјали – прав на зацврсната цементна паста (HCP) и силициумски песок

Сега, јапонските истражувачи змале бетон од урната училишна зграда, го мелеле во фин прав, а потоа го помешале со CO2 од воздух во тек на период од три месеци.

Овој карбонизиран прав потоа бил притиснат со раствор од калциум-хидроген- карбонат и сложен во калап пред да се загрее, за да се формира нов градежен блок за кој истражувачите велат дека е „доволно цврст и издржлив за со него да се градат куќи или тротоари“.

Новиот метод не само што ги прави старите згради „урбански рудник за создавање нови згради“, туку и самите блокови од калциум – карбонат може да се претворат во прав на крајот од својот век на траење, така се повторува процесот за да се создадат нови блокови за градење.

Блок од калциум карбонат (десно) во споредба со обична тула (лево): Новиот блок може да се произведе со висока густина, цврстина на притисок, затезна цврстина и Јангов модул (способност да издржи промени под компресија по должина)

Во план, двокатна зграда од нов бетон

„Се обидуваме да развиеме системи кои можат да придонесат за кружната економија и јаглеродна неутралност“, изјави еден од членовите на тимот, професорот Ипеи Марујама, за Advanced Concrete Technology.

Следната фаза од проектот C4S ќе се заснова на зголемување на ефикасноста и развој на поголеми градежни блокови, а истовремено ќе се работи на развој на комерцијално производство.

Тимот исто така планира и изградба на двокатна зграда со употреба на блокови од бетон од калциум – карбонат, а рокот е 2030 година.

Испрати коментар

Scroll To Top