Насловна / Вести / Овие главни градови на Европа имаат најмногу зеленило

Овие главни градови на Европа имаат најмногу зеленило

Пред неколку месеци, Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА) објави листа на десет главни градови со најмногу зелени површини.

Осло

Редоследот на овие градови изгледа вака:

  • Осло, во кој 77 отсто се зелени површини;
  • Загреб, во кој 74 отсто се зелени површини;
  • Љубљана, во која 67 отсто се зелени површини;
  • Хелсинки, во кој 62 отсто се зелени површини;
  • Вилнус, во кој 57 отсто се зелени површини;
  • Мадрид, во кој 53 отсто се зелени површини;
  • Берн, во кој 53 отсто се зелени површини;
  • Берлин, во кој 51 процент се зелени површини;
  • Талин, во кој 50 отсто се зелени површини;
  • Лисабон, во кој 48 отсто се зелени површини.

Берн

Зелените површини се важни за квалитетот на воздухот и ја намалуваат температурата на воздухот во градовите. Тие се поврзани со должината на животот.

Вилнус

Тие се од суштинско значење за менталното здравје на човекот и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Децата во градовите, каде што има повеќе зелени површини, можат да поминуваат повеќе време надвор и да се занимаваат со различни активности.

Според податоците на Институтот за глобално здравје во Барселона, 62 отсто од населението во Европа живее во области каде што нема доволно зелени површини.

Талин

Испрати коментар

Scroll To Top