И по три години откако е во сила Законот за отпад, само 20 проценти од отпадот во Македонија се рециклира. Законот е во сила, но селекцијата не се почитува или воопшто не функционира.
Четири компании кои го спроведуваат овој закон имаат тешкотиии. Тие тврдат дека граѓаните и компаниите не се доволно информирани. Бараат да се вклучат и општините. Во Македонија има 100 до 110 илјади тони амбалажен отпад, а има простор да се вклучат и други колективни постапувачи. Во ЕУ се собираат пет до 10 евра по жител за финансирање ситем за амбалажен отпад. За жал, кај нас се собира помалку од половина евро, а би требало најмалку 10 до 15 милиони евра годишно од фирмите, индустријата, и тие средства потоа да се вложуваат во општините за контејнери, камиони, секундарна селекција, нагласи директорот на „Пакомак“, на прес-конференцијата во Стопанска комора.