Насловна / Вести / Сината сала во Сава Центар во Белград од денес подготвена за бројни културни и конгресни настани

Сината сала во Сава Центар во Белград од денес подготвена за бројни културни и конгресни настани

Заврши реконструкцијата на познатиот конгресен центар и кино сала, чиј оригинален проект го потпишува архитект Стојан Максимовиќ (1934-2024).

Белград и Србија повторно добија место за најзначајните културни настани – концерти, филмски проекции, претстави и мјузикли, изјави генералната директорка на Сава Центар, Кристина Милинчиќ.

Компанијата „Делта холдинг“ ја заврши тригодишната реконструкција на Сава Центарот во Белград со реновирање на Сината сала, која од денеска е подготвена за бројни културни и конгресни настани.

Вкупната инвестиција во реновирањето на Сава Центар изнесува 120 милиони евра, од кои 40 милиони евра се вложени во реновирањето на Сината сала.

Капацитетот на салата е зголемен за 10 отсто, односно за 400 седишта, и сега Сината сала има 4.050 седишта. Реновирањето на Сината сала не е само визуелно унапредување, туку и голем технолошки исчекор.

Со реконструкцијата е добиена најголемата кино сала во овој дел од Европа, опремена со најмодерно 3Д платно во регионот. Околу салата се креирани нови простори како што се Амфитеатарската сала и Атриум, зимска градина со зелени ѕидови и речиси 5.000 растенија.

Проектот за реконструкција го потпишува архитектката Ивана Летиќ. Потсетуваме дека автор на најголемиот конгресен центар во поранешна Југославија е архитектот Стојан Столе Максимовиќ, кој почина во февруари годинава.

„Сава Центар сега е паметна зграда која не само што ефикасно троши енергија, туку и ја произведува“, вели Ангелина Некиќ, потпретседател на „Делта холдинг“ и извршен директор на „Делта недвижности“.

 

Сината сала на Центарот Сава сега може да биде домаќин на продукциски најкомплексните музички и сценски настани, а веќе подобрената акустика е поддржана од специјални аудио системи за филмски проекции, концерти и конгресни настани. Во салата е поставен концертно озвучување од последната генерација на францускиот бренд L-Acoustics.

Најавени настани

Свеченото отворање на Сава Центарот се случи вчера, 3. септември.

Во Сината сала веќе се букирани околу 50 настани, меѓу кои се концертите на Кралската филхармонија од Лондон, настапот на Хозе Карерас и враќањето на Балетот Бољшој во Белград, по повеќе од 40 години.

Програмата на настаинте кои ќе се одржуваат во Плавата сала можете да ја видите тука.

Испрати коментар

Scroll To Top