Ликовен перформанс под отворено небо со наслов „МЕТАМОРФОЗА“ ќе биде отворен вечерва (23 јуни) на локациите на централното градско подрачје (Дом на АРМ, плоштад „Македонија“ и плоштад „Филип II“).
Во овој проект, на кој како куратор се јавува Христијан Санев, ликовен уметник и член на раководството на ДЛУМ, учествуваат повеќе автори: Гордана Вренцоска, Исмет Рамиќевиќ, Деспина Крстевска, Филип Фидановски, Ели Аиноска, Јана Манева Чупоска и Јовица Мијалковиќ.
Овој вечерен ликовен перформанс е со почеток во 20.00 часот, а посетителите ќе можат да ги посетат локациите се до полноќ. Дел од авторските дела можат да се посетат само во одредени периоди и тоа: Ликовниот перформанс на Јовица Мијалковиќ – 20.30 ч., на плоштадот “Филип II“, ликовно театарскиот перформанс на Јана Манева Чупоска – 21.00 ч., излог на продавница Calliope (City Galery) и ликовниот перформанс на Филип Фидановски – 22.30 ч., ресторан Тиволи (ул. „11 Октомври“ – плоштад „Македонија“). Останатите ликовни дела ќе бидат видливи во текот на целата вечер.