Насловна / Вести / UNECE ги повикува компаниите да ги претстават зелените енергетски проекти на COP29

UNECE ги повикува компаниите да ги претстават зелените енергетски проекти на COP29

Економската комисија на Обединетите нации за Европа – UNECE и Високите претставници на ОН за климатски промени, објавија повик за зелени енергетски проекти. Избраните предлози ќе бидат претставени на претстојниот Европски регионален финансиски форум во Германија и конференцијата COP29 во Баку во Азербејџан. Оваа иницијатива има за цел да ги истакне иновативните проекти и да отвори пристап кон изворите на финансирање. Пријавите се примаат до 10-ти септември.

Споменатиот форум ќе ги истражи инвестициските можности во областа на чиста енергија, енергетска ефикасност, проекти за претворање на отпадот во енергија, декарбонизација на индустриката и одржлив сообраќај. Ќе има дебати и за улогата на критичните суровини како што се литиумот, бакарот, никелот и ретките елементи во овозможување на преминот кон нискојаглеродни решенија и чиста енергија. Меѓу проектите избрани за минатогодишниот COP28, четири добиле делумно финансирање, во просек по околу 55%.

Испрати коментар

Scroll To Top