Насловна / Вести / Tesla повлекува 1,68 милиони автомобили од Кина поради софтверска грешка

Tesla повлекува 1,68 милиони автомобили од Кина поради софтверска грешка

Компанијата Tesla повлекува 1,68 милиони електрични автомобили, со цел да го надогради софтверот и да овозможи предупредување за возачот секогаш кога просторот за багаж не е заклучен. Се повлекуваат возилата Model S и Model X кои во Кина се увезени, како и Model 3 и Model I, произведени во Кина во периодот од 15-ти октомври 2020 до 17-ти јули 2024.

Државната управа за регулација на пазарот потврдила дека проблемот би требало да се реши со далечинско надградување на софтверот. Кина е главниот пазар и производна база за Tesla. Минатиот месец компанијата пријавила значителен пад на приходите, поради падот на продажбата и покрај финансирањето со ниски камати.

Испрати коментар

Scroll To Top