Насловна / Архитектура / Медал за архитекти? Предлог архитектонските натпревари повторно да станат олимписка дисциплина

Медал за архитекти? Предлог архитектонските натпревари повторно да станат олимписка дисциплина

Креативниот директор на модната куќа Louis Vuitton и познатиот музичар Pharrell Williams, предложи уметничките натпревари, кои последен пат беа дел од Олимпијадата во 1948 година, да се вратат на Олимписките игри.

За време на неговиот говор на отворањето на Олимписките игри 2024 на настан што се одржа во зградата на Фондацијата Louis Vuitton проект на Френк Гери, Pharrell Williams сугерираше дека би сакал да го види враќањето на уметничките натпревари на Игрите во 2028 година, кои треба да се одржат во Лос Анџелес.

„Некогаш, Олимпијадата вклучуваше уметност како секција во кој се оддржуваа натпревари во скулптура, архитектура и визуелни уметности. Идејата е повторно да се вклучи уметноста, можеби веќе во 2028 година. Зошто да не се искористи овој момент за да се подигнете свеста?“, изјави славниот музичар за Associated Press.

Медал за архитектура

Уметничките натпревари беа дел од визијата на основачот на модерните Олимписки игри, Pierre de Coubertin, и биле дел од Олимписките игри од 1912 до 1948 година, заедно со спортските натпревари. Медали се доделувале во пет категории: архитектура, литература, музика, скулптура и сликарство, а за дела кои биле инспирирани од спортот.

златен медал за архитектура за Jan Wils на Олимпијадата 1928 година

Значајни добитници на награди за архитектура се холандскиот архитект Jan Wils за неговиот проект на Олимпискиот стадион во Амстердам од 1928 година, додека во 1936 година германскиот архитект Werner March освоил златен медал во категоријата урбанистичко планирање и сребрен медал во архитектонско проектирање за Reichssportfeld, познат како Олимписки парк Берлин, кој бил и домаќин на Игрите.

Уметничките категории се укинати од Олимпијадата по 1948 година, а Williams се надева дека уметноста би можела да биде вратена во Лос Анџелес , каде ќе се одржи следната Олимпијада.

Кого би можела Македонија да испрати на следните Олимписки игри за натпреварот во архитектура?

Испрати коментар

Scroll To Top