Изграден во 1950-тите за складирање на огромни количини риба, фрижидерот Нов Порт сè уште е најголемиот во светот.
Овој џиновски фрижидер се состои од 200 пештери во пермафрост (вечен мраз). Рачно е ископан за шест години (1950-1956). Не се топи ниту во текот на летото и ужива статус на споменик на култура.
Се наоѓа во населбата Нов Порт на полуостровот Јамал. Во триесеттите години на минатиот век, таму се населиле главно насилно иселени жители од европскиот дел на Русија.
Но, зошто на советската држава и требал толку голем фрижидер во вечниот мраз на Јамал, каде што температурата паѓа под 50 Целзиусови степени во зима? Во 1920 година, советските истражувачи откриле нова тивка лагуна на брегот на Арктичкиот Океан, во заливот каде што реката Об се влева во Карското Море.
Заливот е користен од 17 век, но морнарите поминувале низ него за да стигнат до вливот на реката, а сега е пронајдено безбедно место каде може да се изгради пристаниште. Имено, се покажало дека Опскиот Залив е место на миграција на есетра, што значело дека ќе има многу вкусна риба и кавијар. Во 1930 година на тоа место била изградена фабрика за преработка на риба. Количините на риба биле огромни, па во 1940 година тука биле вработени 60 рибарски бродови и била основана населбата Нов Порт.
Риба имало се повеќе, но недостигал простор за складирање. Есетрата е ловена во зима, за време на миграцијата, а транспортирана во лето, за време на пловната сезона. Во меѓувреме некаде морало да се складира огромното количество уловена риба. Затоа е донесена одлука да се изгради џиновски фрижидер во пермафростот, т.е. вечно замрзнатата земја. Советското раководство дошло до заклучок дека е многу поевтино тоа да се работи рачно отколку да се транспортира тешка машинерија.
Целата работа е направена рачно, вечниот мраз бил ископан. Се работело во три смени, во секоја смена по 15-20 мажи, но и жени, кои ваделе санки натоварени со исечени парчиња вечен мраз. Целата работа била завршена за шест години.
Влезот во фрижидерот е свртен кон заливот, два метри над највисокото регистрирано ниво на водата. Влезниот ходник има наклон од 15 степени, а пештерите се ископани на длабочина од 12-13 метри. Константната температура во пештерите е -12 степени Целзиусови.
Од 2020 година, фрижидерот „Нови Порт“ го одржува инженерот Александар Нељапин.
Од 2008 година фрижидерот има статус на објект од културно значење. За повеќе од пет децении од своето постоење, никогаш не бил реновиран или реконструиран, а сега се реставрира.
И сè уште е во функција. Може да собере 1.750 тони или 3.200 кубни метри замрзната риба. Подземните ходници се долги 1.300 метри. Има шест вентилациони шахти. Од јануари до април, магацинот се полни со риби со помош на фабрички траки. Од јануари до април, рибата се товари на бродови и се транспортира до Салехард, каде што се сортира и пакува. Овој уникатен објект е историски споменик и во исто време важен магацин во синџирот на производство на црн кавијар, кој е толку ценет во светот.