Насловна / Вести / Новите прописи од 2025 година ќе ги поскапат plug in хибридите

Новите прописи од 2025 година ќе ги поскапат plug in хибридите

Според резултатите од продажбата во Европа, се забележува мал пад во интерестот за електричните автомобили. Многумина се свртуваат кон хибридите, но не се и сите возила од оваа категорија пожелно решение. И plug-in хибридите бележат пад во продажбата за речиси 20%, но со оглед дека на одредени ЕУ пазари сеуште има субвенции за нив, производителите настојуваат оваа година да ги мотивираат купувачите, информирајќи деке веќе следната година цените ќе бидат повисоки.

Имено, ЕУ се обврзува да понуди поголема транспарентност во однос на мерењата на емисиите на CO2, воспоставувајќи нова регулатива која ќе стапи на сила веќе првот ден од 2025 година. Досега испитувањата и тестовите во текот на фазата на хомологација даваат резултати за потрошувачката на гориво и емисиите кои се делумно веродостојни, а делумно не. Мерењето се спроведува со целосно полна батерија, но големо мнозинство од сопствениците на вакви возила не ги полнат батериите редовно, така што главно автомобилите се погонувани со моторот со внатрешно согорување. Таквата лажна слика со години им одеше во прилог на овие модели. Со новата регулатива за овие возила ќе се спроведуваат два теста, со што емисиите ќе бидат повисоки, па призводителите ќе мора да вршат одредени адаптации на моторот како и подобрување на дометот со едно полнење на батеријата. Сите тие интервенции се очекува да ги поскапат овие автомобили.

Испрати коментар

Scroll To Top