На крајот на 2023 година, Renault го најави новото Twingo, како целосно инспириран од поригиналниот дизајн на овој автомобил. Неговата основна цена би требало да биде под 20.000 евра. И покрај преговорите за развој на овој модел со електричен модел со Volkswagen, сепак францускиот производител се одлучил за соработка со засега неименувана кинеска компанија.
Со словенечката влада веќе е потпишан Меморандум за разбирање, а производството ќе започне во 2026 година во постоечката фабрика на Renault во Ново Место во Словенија. Првата цел е производство на 150.000 примероци годишно. Во оваа фабрика сега се произведува Renault Clio.