Насловна / Вести / Започнува производството на електричниот Fiat Grande Panda во Крагуевац

Започнува производството на електричниот Fiat Grande Panda во Крагуевац

Компанијата FCA Serbia вчера официјално ја одбележа успешната имплементација на проектот во фабриката на Stellantis во Крагуевац – воведување на нови линии за производство на електричниот модел Fiat Grande Panda. Новиот модел ќе се произведува во две верзии – електрична и хибридна, а од Крагуевац прво ќе стигне во Европа, па потоа на Блискиот исток и во Африка. Fiat Grande Panda спаѓа во автомобили од B сегментот, под четири метри должина и е прв во низата модели од новото семејство кое секоја година ќе лансира нов модел до 2027 година.

На прославата на 125 години од формирањето на Fiat во Торино, на 11-ти јули претставен е и новиот Fiat Grande Panda, инспириран од модел од 1980-тите. Развиен е на темелот на три клучни столба: италијанскиот дизајн, глобалната платформа и локалната релевантност. Цената на Fiat Grande Panda, ќе биде под 25.000 евра за целосно електрична верзија.

Испрати коментар

Scroll To Top