Како би изгледала апокалипсата во поголемите градови? Берлинскиот уметник Michal Zak преку колажи ги изразил своите визуелизации за тоа кога апокалипсата би ги погодила најголемите градови во светот. Така можеме да видиме престолнини со своите знаменитости кои како полуурнатини се издигаат од пепелта и чадот, односно како бледи имитации на своите поранешни слави. Апокалипсата во неговите дела е предизвикана од некоја идна, гледано песимистички, светска војна, и ова е начинот на кој уметникот предупредува на веројатниот исход. „Оружјето станува масовно присутно, соседните земји меѓусебно се завојувани, луѓето се убиваат, фрустрацијата расте… Ова е сликата на светот денес, а утре?” прашува уметникот преку своите дела.