Според расположивите статистики, Google и Microsoft годишно трошат поголема количина електрична енергија од повеќе од 100 држави во светот меѓу кои се на пример Исланд, Гана, Тунис, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и Македонија. Имено, годишната потрошувачка на овие две компании е 24 TWh. За споредба годишната потрошувачка на Македонија е 6,35 TWh електрична енергија. Од нашиот регион единствено Србија не е во оваа група од преку 100 држави, бидејќи има потрошувачка од околу 31 TWh.
Најголемата потрошувачка кај споменатите компании се должи на ницните податковни центри, но мора да се истакне дека Google и Microsoft остваруваат и значително повисоки приходи од многу држави. Имено, во 2023 година, Google остварил приход од 305,6 милијарди американски долари, додека Microsoft 211,9 милијарди долари. Според податоците на Светска банка, тоа е многу повеќе од БДП на сите земји на Западниот Балкан заедно. Трееба да се истакне дека иако овие компании се големи потрошувачи на енергија и имаат значајно негативно влијание врз животната средина, тие истовремено сериозно инвестираат во обновливи извори на енергија.