Имплементацијата во пејзажот, користење на локални материјали и минимална интервенција на парцелата, се некои од клучните елементи кои го карактеризираат овој проект. Вилите Elysium Collection ги комбинираат и луксузот и директната врска со природата. Се наоѓаат во Агиа Пелагија во Ираклион на Крит и се состојат од пет вили со приватни базени.
Проектот на грчкото биро Lefteris Tsikandilakis+Architects предвидува хоризонтален отвор кој создава празнина во природните формации на теренот и го ориентира комплексот кон погледите. Притоа, органската форма на теренот е зачувана со обновувањето на постоечката топографија. Потоа е издлабена вештачка пештера, простор под нивото на теренот, кој тесно комуницира, а истовремено е заштитен од него.
Влезот за двете бочни вили е формиран преку две патеки кои се протегаат по рабовите на локацијата, додека останатите три предвидено е да се опслужуваат со посебни надворешни скали и лифтови, со што се постигнува максимална приватност во пристапот.
„На овој начин постигнавме непречен поглед кон морето за сите вили. И покрај конзистентната фасада, секоја куќа е одвоена и изолирана со поставување на вертикални елементи кои ги дефинираат поединечните дворови. Покрај тоа, повлекувањето од два метри во задниот дел на секоја вила овозможува природна вентилација и осветлување на двете нивоа. Истовремено, создава затскриено катче во куќата, идеално за моменти на спокојство и релаксација“, велат архитектите.
Материјалите и мебелот што се користат на отворено се совршено компатибилни со природната околина. Каменот, дрвото, земјените тонови, вегетацијата во областа сочинуваат хармоничен пејзаж што одговара на оној на Крит. Следејќи го екстериерот, ентериерот продолжува во идентичен стил, со додавање на уникатно чувство на луксуз што навестува домашна атмосфера за зимските празници.
Комплексот нуди содржини кои му овозможуваат да се користи во текот на целата година, со поглед на морето и базените кои го претвораат во идеално летно одморалиште. Поединечните дворови формирани на источната страна се протегаат на две нивоа, создавајќи трпезарија на првото ниво и поприватен простор доле, со распоред за седење покрај бесконечниот базен. Како заклучок, на североисточната страна на парцелата се наоѓа балкон со видиковец, мистично место каде посетителите ќе можат да ужива во глетката на сите страни.
Проектот е добитник на наградата Architizer A+Awards за 2023 година.