Идејното решение и проектот за изградба на синагога и еврејски културен центар во Подгорица се завршени, а поставувањето на камен-темелникот се очекува на почетокот на есенва, соопшти претседателот на Еврејската заедница во Црна Гора, Јаша Алфандари.
Како што изјави Алфандари, предвидено е прво да се изгради синагогата, а од парите што ќе ги обезбеди еврејската зедница, ќе зависи кога би се градел културниот центар.