Никола Тесла е брилијантен пронаоѓач, научник и инженер кој е заслужен за повеќе од 700 пронајдоци. Тој е најпознат по откривањето на наизменична струја, но неговата работа придонела и за напредок во безжичната комуникација, ласерите, рендгенските зраци, радарот, осветлувањето, роботиката и многу повеќе. Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смиљан, а починал на 7 јануари 1943 година во Њујорк. Во чест на 168 години од неговото раѓање да се потсетиме на некои негови мисли.
„Да, точно е дека секогаш преземам повеќе отколку што можам да постигнам“.
„Од сите ‘сили на триење’, онаа што најмногу го забавува човечкиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува ‘Најголемото зло на светот’“.
„Човекот е роден да работи, да страда и да се бори. Кој не го прави тоа, мора да пропадне!“
„Дарот на менталната енергија доаѓа од Бога, врховното суштество, и ако ги концентрираме нашите мисли на таа вистина во скалд сме со оваа голема моќ. Мојата мајка ме научи дека целата вистина треба да се бара во Библијата“.
„Пред да направам скица на хартија, целата идеја е разработена ментално. Во мојот ум, ја менувам конструкцијата, правам подобрувања, па дури и го стартувам уредот“.
„Јас не се занимавам со предвидување, не сум гатач, не ја предвидувам судбината на луѓето и не сум пронаоѓач. Јас откривам. Јас сум откривач на принципите кои постојат“.
„Времето не постои“.
„Електрицитетот за мене е сè. Денот кога ќе дознаеме што точно е електрицитет ќе биде најзначајниот датум во историјата на човештвото“.
„Не жалам што другите ги украдоа моите идеите, но жалам што немаат свои“.
„Иако имаме слобода да рмислиме и дејствуваме, ние се држиме заедно, како ѕвезди на небесниот свод со нераскинливи врски. Овие врски не можат да се видат, но можеме да ги почувствуваме“.
„Цврсто верувам во правилото на компензација. Вистинските награди секогаш се сразмерни со трудот и пожртвуваноста.“
„Иднината нека ја каже вистината, проценете го секој човек според неговата работа и заслуги. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за која толку напорно работев“.
„Никогаш не верувајте на сјајот во женските очи! Тоа е веројатно светлината што продира низ нејзината шуплива глава“.
„Вашата омраза претворена во електрична енергија би можела да осветлува градови и градови“.
„Сите сме едно. Луѓето се меѓусебно поврзани со невидливи сили“.
„Мирот во светот може да дојде само како природна последица на универзално просветлување“.
„Ширењето на цивилизацијата може да се спореди со ширењето на огнот. Прво тоа е тивка искра, потоа треперлив пламен, а потоа силен оган што станува се посилен и побрз“.
„Научниците денес размислуваат длабоко наместо јасно. Човек мора да биде здрав за да размислува јасно, но може да размислува длабоко и да биде прилично луд“.
„Престојувам во хотели. Да се има сопствен стан би значело да се биде емотивно врзан за одреден простор, а тоа го одвлекува вниманието и смиреноста од науката“.
„Сите мора да имаме некој идеал кој ќе управува со нашето однесување и ќе не задоволува, но тој не е материјален, без разлика дали е религија, уметност, наука или било што друго, важно е само да делува како нематеријална сила“.
„Јас не работам за пари. Не ми е гајле дали ќе се продаде мојот патент, туку дали ќе и користи на науката… Јас работам на научна теорија, со која го трасирам патот низ непознатите светови и ги поставувам темелите врз кои идните генерации ќе градат нов свет“.