Насловна / Вести / Турција го лансираше својот прв домашен сателит во орбитата

Турција го лансираше својот прв домашен сателит во орбитата

Турција го лансираше својот прв комуникациски сателит од домашно производство во орбтата, со што ќе се прошири сателитската покриеност на земјата. Сателитот е лансиран со помош на ракетата SpaceX Falcon 9, од лансирниот комплекс Кејп Канаверал на Флорида. Турскиот претседател Ердоган истакнал дека ова означува отворање на нова фаза за Турција во производството на сателити. Првиот сигнал од сателитот е примен 67 минути после лансирањето, точно според планот. Со овој сателит ќе биде овозможено телевизиските емисии од Турција да бидат достапни и во Индија, Индонезија, Малезија и Тајланд. Ова е резултат на десетгодишните напори да се произведе сателит во Турција, со што таа земја стана една од 11-те во светот на кои тоа им успеало.

Испрати коментар

Scroll To Top