Насловна / Вести / NASA го заврши проектот за симулација на престој на Марс

NASA го заврши проектот за симулација на престој на Марс

Првата од неколкуте мисии на NASA чија цел е симулирање на престој на Марс, заврши во саботата во Хјустон, Тексас, откако четворицата волонтери го напуштија специјално креирањето „живеалиште“ после повеќе од една година. Две жени и двајца мажи минале 378 дена во Mars Dune Alpha, изолирана структура од 160 метри квадратни во вселенскиот центар Johnson во Хјустон која ги симулирала условите на Црвената планета. Оваа мисија била прва во серијата Crew Health and Performance Exploration Analog (CHAPEA) со цел подготовка на NASA за повторно освојување на Месечината, а еден ден и за Марс. Понатамошните мисии на CHAPEA предвидени се за 2025 и 2027 година.

Mars Dune Alpha е созададен со помош на 3D принтер. За симулацијата на престојот на Марс, NASA не избрала обучени астронаути. Право на пријава имале „здрави и мотивирани“ државјани на САД или со постојано жителство, на возраст од 30 до 55 години со диплома од инженерство или наука, како и две години непрекинато работно искуство, или најмалку 1.000 часа управување со авион. Објектот во кој минале една година вклучува приватни простории за спиење со големина од околу шест квадратни метри, заеднички дневен престој опремен со ТВ и фотелји, работни места и медицинска станица. Во текот на престојот, на волонтерите им било дозволено да останат во контакт со семејствата и пријателите, но комуникацијата била поставена на „Марсовско време“, што значи дека за обична порака треба 22 минути да стигне до Земјата. Според NASA, екипажот извел „повеќекратни симулации Marswalks, одгледувал неколку видови салата и учествувал во одржувањето на опремата“.

Испрати коментар

Scroll To Top