Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите неколку дена го уредуваа зеленилото покрај коловизните ленти и пристапните патеки во неколку охридски села.
Од претпријатието информираат дека во понеделникот била искосена високата трева околу патот кој води до село Вапила, а во текот на вчерашниот и денешниот ден се уредувале пристапните патишта во селата Велгошти, Долно и Горно Лакочереј.
Според работниот календар со оваа активност, во наредните неколку дена ќе бидат опфатени и селата Косел, Лескоец и Орман.