Еден од најпознатите надреалистички уметници, најпрво сликар, а потоа фотограф, Мен Реј, во текот на 20-тите и 30-тите години на минатиот век направил серија портрети на познати личности, кои сите во еден момент живееле во Париз.
Мен Реј
Кога фотографите се специјализирани за портрети на познати луѓе, тие често зборуваат за тоа како за изнаоѓање визуелен начин да ја откријат инаку ретко прикажаната природа на фотографираниот субјект, со други зборови, да ја извадат нивната длабочина на површина. Мен Реј (1890-1976), надреалистички фотограф и уметник, речиси сè што правел, правел на свој, уникатен начин, а таков бил и неговиот пристап кон фотографирањето познати луѓе.
Еден таков пример е неговата фотографија на Ернест Хемингвеј од 1923 година во Париз.
Ернест Хемингвеј
Истата година и во истата урбана боемија, Мен Реј фотографирал уште еден познат човек од перо, поетот Езра Паунд.
Езра Паунд
Марсел Дишан му позирал на Мен Реј и излегол повеќе блесаво отколку страшно, но како една од најдуховитите и уметнички најнапредните фигури на ерата, тој секако ја сфатил шегата.
Марсел Дишан
Сите овие портрети се појавуваат во книгата „Ман Реј: Париз – Холивуд – Париз“, која содржи околу 500 портрети кои надреалистичкиот уметник ги оставил во својата архива кога починал во 1976 година, каде се сите „членови на дадаистичките и надреалистичките кругови, уметници и сликари, писатели и американски емигранти на изгубената генерација, аристократи и узори од светот на модата и театарот“.
Овде може да се видат и портрети на Андре Бретон, Салвадор Дали, архитектот Ле Корбизје и уште една фотографија на Марсел Дишан во друштво на познатиот американско-италијански сликар Џозеф Стела.
Андре Бретон
Салвадор Дали
Ле Корбизје
Хуан Миро
Џозеф Стела и Марсел Дишан