Тројца европски бизнисмени предлагаат поставување на подморски електроенергетски интерконектор, со кој Европа би се поврзала со Северна Америка. Тоа би бил најдолгиот интерконектор на светот. Т.н Трансатлански интерконектор, кој сеуште е само идеја, би се состоел од три пара високонапонски кабли со должина од над 3.200 километри, кои би биле положени на дното на Атланскиот океан и така би го поврзале западниот дел на Велика Британија со источна Канада, а можеби и Њујорк со западна Франција.
Овој интерконектор би ја снабдувал Северна Америка со енергија од европските соларни електрани во време кога сонцето сјае во Европа и обратно. Имено, кога сонцето е во зенитот во Европа, вишокот енергија би можело да се испорачува во САД, и обратно. Капацитетот се планира да биде околу 6GW. Сето ова е сеуште на ниво на разработка на проектна идеја и не се очекува реализација пред средината на наредната деценија. Ќе бидат потребни значителни инвестиции од неколку земји, а грубата проценка е дека би чинел над 20 милијарди фунти. Сепак заговорниците на проектот тврдат дека тој ќе има значајна улога и на геополитички план, односно ќе му помогне на Западот во енергетската војна со усија, но и во натпреварувањето со Кина за доминација во технологиите за обновливи извори на енергија. Предлагачите го нарекле овој проект NATO-L (North Atlantic Transmission One-Link).