Кога ќе дојдат топлите денови, на сцена стапува омилениот апарат – клима уредот. Но, за негово добро функционирање и за здравјето на домашните, потребно е сервисирање и негово чистење да се врши еднаш годишно, воглавном пред летната сезона.
Влажните и темни места во внатрешноста на клима уредот придонесуваат за размножување на микроорганизми, бактерии, мувла и габички. Секоја година, покрај редовното миење на филтерот, потребно е да се изврши годишен сервис кога климата целосно ќе се исчисти и дезинфицира и ќе се провери состојбата на фреонот…
Внатрешната единица се дезинфицира од микроорганизми и нечистотии кои поминале низ филтрите и останале на изменувачот.
Чистење на надворешната единица
Прво се проверува надворешната единица. Се проверува работата на вентилаторот, како и дали решетката, саќето од задната страна е проѕирна, бидејќи тука минуваат цевките со фреон што го ладат компресорот. Значи, решетката мора да биде чиста. Исто така, важно е да се внимава вентилаторот да не е заглавен.
Потоа се проверува фреонот во надворешната единица. Ова се прави така што прво се вклучув клима уредот за да се стартува компресорот. Состојбата на фреон во надворешната единица се проверува со манометар. Се отвара вентилот и поврзува апаратурата. Притисокот на фреон треба да биде според спецификацијата на производителот.
Кога на единицата и недостасува гас, предизвикува проблеми со температурата. Се поставува контролен термометар на излезот за воздух на внатрешната единица на климата. Температурата на клима уред со добра количина на фреон има температура на излезната гранка од 9 до 15 степени, во зависност од моделот на климатизерот. Доколку недостига фреон, температурата ќе биде пониска.
Доколку притискот е помал, фреонот се дополнува до потребните бари, што резултира со зголемување на температурата на излезниот термометар за степен, два.
Чистење на внатрешната единица
Потоа се започнува со чистење на внатрешната единица. На почетокот потребно е да се исклучи клима уредот од струја.
Излезната гранка, филтрите и капакот на клима уредот се симнуваат. Овие пластични елементи се перат со туш. Одделно се чисти температурната сонда.
Кадичката во која се слева водата, исто така се демонтира доколку е возможно.
Прво, турбината се чисти со еко средство за одмастување и чистење, а потоа се чисти со антибактериско средство. Откако турбината ќе се натопи со средство за одмастување, се остава малку да отстои и потоа се чисти со крпа.
Кога ќе се исчистат турбината и кадата, се преоѓа на чистење на саќето, кое исто така се прска со средство за одмастување и чистење, а потоа со четка се преминува преку саќето.
На крај саќето се прска со антибактериско средство. Целата таа хемија се слева во кадичката и се исфрла низ цревото за конденз за да нема прскање или протекување по мебелот.
Повторно се приклучува климја уредот на стрија и се остав малку да работи за да ги исфрли сите хемикалии низ цревото за конденз.
Покрај овој сервис, потребно е да се проверат цевките и каблите бидејќи заштитните ленти може да отпаднат со текот на времето.
Совети на сервисери
Вклучувајте ја климата барем еднаш месечно. Клима уредите претпочитаат да работат отколку да стојат исклучени. Кога не работат клима уредите имаат многу поголем притисок отколку кога работат, околу 20 бари. За клима уредот е подобро да работи отколку да биде исклучен. Затоа, барем еднаш месечно вклучете ја климата да се врти вентилаторот, да се изедначи притисокот, а со кондензот малку да се измие и прочисти.