Насловна / Вести / Норвешка понудила дозволи за истражување на руди на морското дно

Норвешка понудила дозволи за истражување на руди на морското дно

Норвешка би можела да стане првата земја на светот која ќе започне со комерцијално рударење по морското дно, со оглед дека понудила издавање нa дозволи за истражување на рудни наоѓалишта на големи површини на морското дно на своите арктички територии во текот на првата половина на 2025 година.

„На светот му се потребни различни руди за зелената транзиција и Норвешката влада сака да истражи дали е можна нивна експлоатација од морското дно на одржлив начин“, велат од Министерството за енергетика на оваа земја. Норвешката влада претходно соопштила дека прелиминарните официјални проценки на ресурсите покажуваат значајна акумулација на метали и неметали, од бакар па до ретки елементи. Во јануари оваа година, Норвешкиот парламент гласал во корист на отворање на површина од околу 280.000 квадратни километри океански подрачја за истражување на рудни наоѓалишта на морското дно.

Испрати коментар

Scroll To Top