До почетокот на летните Олимписки игри во Париз останува кратко време, а реката Сена сеуште го нема квалитетот потребен за одржување на одредени натпревари. Имено поради присуство на одредени бактерии не може да се допусшти да се одржат натпревари во пливање на четири предвидени локации. На Сена се предвидени натпревари во триатлон, пливање и церемонијата на отворање, а обилните дождови и загадувањето ги држат и натаму во неизвесност организаторите. За жал огромните напори и вложени средства за чистење на реката не ги даваат очекуваните резултати.
Поради загадувањето откажана е и пробата на свеченсота на отворање на Игрите. Градските власти на Париз соопштиле дека во наредниот период квалитетот на водата ќе се подобри и отворањето на 26-ти јули ќе биде направено според планот. Во спротивно плановите и за отворањето и за наведените натпреварувања ќе бидат променети. На пример форматот на триатлонот би с епроменил во дуатлон – трка од 5 километри и возење бвелосипед од 40 километри.